Граѓаните и во 2013 година ќе можат да аплицираат за проектот „Купи куќа, купи стан“

Bez autora
Dec 30 2012

Министерството за финансии следната година ќе објави четири јавни повици, така што граѓаните ќе можат да аплицираат за проектот „Купи куќа, купи стан" веќе од почетокот на јануари заклучно со 31 мај 2013 година. Граѓаните ќе може да аплицираат за едниот од двата модела, модел „Половина рата", или модел „Половина учество". Според првиот модел, Владата ќе плаќа половина од месечната рата (главница и камата) во првите пет години од отплатата на кредитот. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува 4,99% за првите три години, 5,5% за четвртата и за петтата година од отплатата. Во вториот модел се предвидува Владата да плати 50% од учеството за кредит за купување стан или за изградба на куќа, или најмногу до 6.250 евра за кредит до 50.000 евра. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени во текот на целиот период на отплата.

Граѓаните и во 2013 година ќе можат да аплицираат за проектот „Купи куќа, купи стан“Министерството за финансии следната година ќе објави четири јавни повици, така што граѓаните ќе можат да аплицираат за проектот „Купи куќа, купи стан" веќе од почетокот на јануари заклучно со 31 мај 2013 година.

Како што информираат од Министерството за финансии, граѓаните ќе може да аплицираат за едниот од двата модела, модел „Половина рата", или модел „Половина учество".

Според првиот модел, Владата ќе плаќа половина од месечната рата (главница и камата) во првите пет години од отплатата на кредитот. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува 4,99% за првите три години, 5,5% за четвртата и за петтата година од отплатата.

Во вториот модел се предвидува Владата да плати 50% од учеството за кредит за купување стан или за изградба на куќа, или најмногу до 6.250 евра за кредит до 50.000 евра. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени во текот на целиот период на отплата.

Изминатата година Владата преку проектот „Купи куќа, купи стан" субвенционираше станбени кредит во висина од 3,5 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik